Халанд се прости од Дортмунд со „стил“: На секој соиграч подарок од 15.000 евра, не ги заборави ниту вработените

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд со стил се прости од Борусија Дортмунд, за кој претходниот викенд го одигра и последниот натпревар. Од идната сезона ќе биде нов играч на Манчестер Сити, а пред да го напушти Дортмунд се одлучи да ги „чести“ соиграчите и вработените во клубот така што им купил часовници.

Спортскиот дел од тимот добил „ролекси“ кои чинат по 15.000 евра, додека помалку потрошил на вработените кои ги честел со часовници „омега“ од 7.000 евра. Норвежанецот на подароци потрошил околу 500.000 евра.

Халанд во Борусија стигна во 2020 година од Салцбург. После две години се договори со Сити, а таму ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона.

Се вчитува...