Халанд-шоу во Дортмунд… (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд експресно се врати на победнички патеки по изненадувачкиот пораз од Аугсбург, откако „милионерите“ попладнево со одличен настап го преслушаа тимот на Фрајбург со 4-0. Во главна улога беше Ерлинг Халанд, кој и во отсуство на Санчо (не играше поради болест) прикажа извонредна игра, постигнувајќи ги првиот и третиот погодок во овој триумф на својот тим. Вториот гол беше дело на Емре Џан со прецизен удар со глава на самиот почеток од второто полувреме. Конечните 4-0 во самиот финиш ги постави резервистот Паслак, на асистенција на Халанд.

Хофенхајм по сензационалната победа над Баерн минатиот викенд денеска загуби од Ајнтрахт со 2-1. Гостите имаа водство од 0-1 по првиот натпревар, но Ајнтрахт направи пресврт и преку Камада и Дост стигна до трите бода.

Вердер благодарение на погодокот на Битенкур ја совлада Арминија, додека Борусија Менхенгладбах како гостин триумфираше над Келн со 1-3. Штутгарт и Баер Леверкузен ремизираа 1-1, меч на кој Чурлинов беше резерва, но не влезе во игра за домашниот тим.

Резултати Германија:

Ајнтрахт – Хофенхајм 2-1, Келн – Борусија М. 1-3, Борусија Д. – Фрајбург 4-0, Штутгарт – Баер Л. 1-1, Вердер – Арминија 1-0.

Се вчитува...