Халанд со закана до градскиот ривал: Едвај чекам да играм против Јунајтед (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд и официјално го потврди транферот во Манчестер Сити договорен и потпишан уште минатиот месец, но сега беше премиерно претставен пред „Етихад“.

Норвежанецот успеа веднаш да ги воодшеви фановите со дел од своите одговори. Особено го привлече вниманието откако беше прашан самостојно да го избере тимот против кој едвај чека да игра во Англија.

„Не сакам да ги изговорам овие зборови … Тоа е Манчестер Јунајтед“, изјави Халанд кој по ваквата изјава ги запали присутните фанови пред „Етихад“.

 

 

 

Се вчитува...