Халанд веќе го има новиот клуб: На преговори со Борусија Дортмунд

Норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд го воодушевува фудбалскиот свет со игрите за Салцбург. Токму поради тоа е на мета на голем број европски гиганти, но веќе е извесно дека негов следен клуб ќе биде Борусија Дортмунд.

Германските медиуми пренесуваат дека Халанд синоќа со приватен авион слетал на дортмундскиот аеродром каде е пречекан од претставници на раководството на Борусија Дортмунд. Наредниве денови ќе биде на преговори со „милионерите“.

Освен Борусија Дортмунд, за Халанд се заинтересирани и Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Лајпциг и Јувентус.

Се вчитува...