Халанд: Во Бразил ме нарекуваат Халандињо

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлиг Халанд смета дека „милионерите“ имаат шанса да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тој со 19 години важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот, а неговата слава го обиколи цел свет.

„Знам колку сме добар тим. Имаме голем квалитет и единствено што мораме да направиме е тоа да го покажеме на теренот. Ако успееме тоа да го направиме, се е можно. Не знам дали знаете, но во Бразил ме нарекуваат Халандињо“, изјави Халанд. 

Реванш натпреварот меѓу Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд ќе биде одигран во среда, а Германците по првиот натпревар имаат предност од 2-1.

Се вчитува...