Халанд во „фото-финиш“ и донесе три бода на Борусија (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд им се врати на победите откако во 3. коло од Бундеслигата славеше со 3-2 над Хофенхајм благодарение на голот на Ерлинг Халанд во првата минута од судиското продолжение.

Откако двата тима не успеаја да постигнат гол во првото полувреме, се „распукаа“ во второто. Натпреварот го отвори Рејна за водство на домаќините од 1-0 во 49. минута, а Хофенхајм преку Баумгартнер изедначи во 61. минута. Белингам осум минути подоцна повторно го донесе својот тим во водство, а резултатот се 2-1 се задржи на семафорот се до 90. минута.

Кога се чинеше дека „жолто-црните“ ќе приредат мирен крај на мечот, Дабур во последната минута од мечот донесе ново изедначување (2-2), а херојот на Борусија е Ерлинг Халанд кој во 92. минута ја искористи гужвата пред шестнаесетникот и го врати својот тим во водство со што ги осигура тритте бода.

Се вчитува...