Халеп без проблеми до 3. коло, Србинката Даниловиќ и предаде на Осака

Романската тенисерка Симона Халеп без проблеми се пласираше во 3. коло на последниот гранд-слем во годината, УС опен откако во втората рунда со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-3 славеше над Словачката Кристина Кучова.

Пласман во третото коло обезбеди и актуелната шампионка Наоми Осака која без борба го доби мечот против младата Србина, Олја Даниловиќ. Во 3. коло досега во женскиот дел од турнирот пласман обезбедија и Елина Свитолина, Елинс Мертенс и Онс Жабур.

 

Се вчитува...