Халеп дефинитивно го пропушта Ролан Гарос

Романската тенисерка Симона Халеп нема да игра на годинашното издание на Ролан Гарос. Како што пренесуваат повеќе извори од Романија, Халеп поради повреда ќе го пропушти турнирот кој го освои во 2018 година.

Таа неодамна во Рим заработи повреда на листот на левата нога која нема време да се санира до почетокот на францускиот грен-слем кој е закажан за 30. мај.

Ова ќе биде прв пат од нејзиното деби во Париз во 2010 година да го пропушти овој турнир. Покрај титулата во 2018 година, Романката на Ролан Гарос играше и две финалиња во 2014 и 2017 година.

Се вчитува...