Халеп ја тужи фирмата поради која доби драстична казна за допинг

Романската тенисерка Симона Халеп, нема да се откаже од докажување дека не е виновна откако беше падна на допинг тест, и поради тоа заработи казна и суспензија.

Некогашната тенисерка број 1 на светската ранг листа, Меѓународната агенција за интегритет ја суспендираше на четири години, до октомври 2026 година, поради тоа што во нејзината крв беше пронајдена забранетата супстанца роксадустат.

Романката која има две Грен слем титули, преку своите адвокати покренала тужба против фирмата од Канада која ги произведува спорните суплементи.

„Пред еден месец поднесовме тужба за отштета“, изјави Богдан Стоица, правниот застапник на Халеп.

Тие ќе бараат отштета од компанијата во износ од 10 милиони долари, иако нејзините загуби се поголеми, со оглед дека голем дел од парите ги загуби поради откажување на спонзори, како и поради неможноста да настапува на турнири. Исто така и беа поништени и резултатите од август до октомври 2022 година, кога мораше да ги врати и парите од наградни турнири.

Се вчитува...