Халеп лесно со Вилијамс во Монтреал, елиминирана и Шарапова

Првата носителка Симона Халеп ќе игра во четвртфиналето на ВТА турнирот „Роџерс куп“ во Монтреал откако лесно во третото коло со 6-2,6-2 славеше против 13-та носителка Венус Вилијамс.

Во четвртфиналето се пласираше и Французинката Каролин Гарсија победувајќи ја со 6-3,6-2 Русинката Марија Шарапова.

Халеп токму против Гарсија ќе игра во битката за полуфинале на турнирот.

Се вчитува...