Халеп: Новак е спортист за пример, но Федерер е генијалец

Третата тенисерка во светот, Симона Халеп, разговараше за тоа како го аналзиира машкиот тенис, кое е нејзиното мислење за најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ, кој неодамна го освои Австралија опен, Роџер Федерер, кој се врати по 400 дена, како и Рафа Надал.

Симона најпрво зборуваше за најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и ги истакна неговите физички способности, како и неговиот спортски дух. Сепак, таа вели дека Роџер Федерер повеќе и се допаѓа како играч.

„Ѓоковиќ е спортист за пример. Ме импресионира неговата сила да остане на теренот и да не се предава … Дури и кога има болка на некој дел од телото, тој го повикува лекарот и продолжува да игра, ваквиот негов пристап кон тенисот навистина треба да се цени. Сепак, отсекогаш му се восхитував на Федерер, тој е генијалец според мене. Мислам дека ќе игра уште неколку години, јасно е дека има страст. Не знам колку долго ќе може физички да издржи. Но, ако рече дека ќе игра на Вимблдон и на Олимписките игри, така и ќе биде. Федерер немаше толку многу повреди поради начинот на кој играше. Надал игра поинаку и затоа е повеќе подложен на повреди“, заклучи Халеп.

Се вчитува...