Халеп обезбеди свое петто финале во 2018 година

Романската тенисерка Симона Халеп се пласираше во финалето на ВТА турнирот во Монтреал.

Првата тенисерка на светот во полуфиналето беше подобра од Австралијката Ешли Барти славејќи без поголеми проблеми со 6-4,6-1. Како што покажува и самиот резултат, Симона донекаде во првиот сет и допушти на Барти да и парира, но во вториот сет апсолутно доминираше.

Халеп за трофејот на „Роџерс куп“ ќе се бори против подобрата од мечот меѓу Американката Слоан Стивенс и Украинката Свитолина.

Инаку, по Шезен, Австралија опен, Рим и Роланд Гарос, ова е петто финале за Халеп во 2018 година и можност за нова титула.

Се вчитува...