Халеп, по многу борба со Стивенс, го освои Монтреал

Најдобрата светска тенисерка Симона Халеп, по многу борба, успеа да го освои „Роџерс купот“ во Монтреал, вторпат во својата кариера.

Халеп во финалето во три сета со 7-6(6), 3-6, 6-4 славеше против Американката Слоун Стивенс за два часа и 40 минути игра.

Извонреден тенис демонстрираа двете тенисерки, посебно во првиот сет кој траеше повеќе од еден час. Стивенс во тај-брекот имаше водство и од 1-5 но на крајот Халеп стигне до 8-6 за освојување на првиот сет.

Се вчитува...