Халеп повторно мака мачи со повредите

Романската тенисерка Симона Халеп на експресен начин го заврши настапот на турнирот во Пекинг. Таа се повлече уште на стартот од мечевите, откако се повреди и го предаде дуелот со Онс Жабур од Тунис, која е 113.тенисерка на ВТА листата.

Халеп го загуби првиот сет со 6-1 во гемови и беше повеќе од очигледно дека поради повредата не може да го даде својот максимум. Тунижанката Жабур изненадувачки лесно го комплетираше првиот сет, а потоа Халеп и го предаде мечот, неможејќи да го продолжи овој дуел.

Се вчитува...