Халеп против Остапенко во финалето од Ролан Гарос

Симона Халеп и Јелена Остапенко ќе ги одмерат силите во саботното финале од Ролан Гарос откако двете славеа во драматичните полуфинални пресметки против Плискова, односно Башчински.

Остапенко на денот на кој го прослави својот 20. роденден го оствари најголемиот успех во кариерата, триумфирајќи над Тимеа Башчински со 2-1 во сетови. Таа стана првата Летонка што стигнала до финале на гранслем турнир, а интересен е податокот дека во кариерата нема ниту една титула од ВТА-турнирите. Тоа не и пречеша со храбра игра да ја совлада Башчински со 7-6, 3-6, 6-3, во меч во кој Остапенко имаше дури 50 винер-удари.

Симона Халеп по голема борба триумфираше против Каролина Плискова со 6-4, 3-6, 6-3. Со овој триумф Халеп е на само една победа од својот прв гранслем трофеј во кариерата, но и од првото место на ВТА-листата бидејќи со евентуален триумф на саботното финале таа би ги скокнала и Кебер и Серена Вилијамс на врвот на светскиот ранкинг.

Се вчитува...