Халеп загуби добиен меч, Надал без мака до победа

Кошмарот за фаворитките на Вимблдон продолжи и денеска, со елиминацијата на првата носителка Симона Халеп уште во третото коло од овој гранслем турнир. Таа за противничка ја имаше Хсиех од Кинески Тајпех, Халеп се наоѓаше на работ на победа, но се беше попусто кога не знаеше како да го финишира мечот. Имено, Романката имаше водство од 5-2 во решавачкиот сет, не искористи и една меч-топка, па Хсиех со фантастичен камбек триумфираше со конечни 5-7.

По елиминацијата на Халеп, единствена носителка од Топ 10 тенисерките што остана во конкуренција на Вимблдон сега е седмата фаворитка Каролина Плишкова.

На машкиот дел од турнирот, Рафаел Надал рутински ја оправда фаворитската улога против Де Минаур, моментно 80. тениер на АТП-листата. Шпанецот одигра беспрекорно и експресно славеше со 3-0 во сетови (6-1, 6-2, 6-4), па сега во следната рунда го очекува дуел со подобриот од мечот Фоњини – Весели.

Хуан Мартин дел Потро со максимални 3-0 во сетови го доби дуелот со Пуиј од Франција, додека Раониќ славеше со 3-1 над Новак, меч што беше продолжен од вчера при резултат 1-1.

Се вчитува...