Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Халер во моментов се бори со тешката болест. Нему, веднаш откако се пресели во Дортмунд, му беше дијагностициран канцер на тестиси, по што мораше да замине на операцијата. По операцијата следуваа и хемотерапии, кои го направија фудбалерот непрепознатлив.
Во интервју за „ЕСПН“ зборуваше за миговите кога дознал што му се случува, и се заблагодари на поддршката.
„Добивам многу пораки за поддршка. Јас и мојата фамилија бевме во шок. Навистина има многу луѓе кои се грижат за мене. Тоа е многу емоционално, и ми дава мотив да издржам во сево ова. Кога дозна мојата сопруга беше во шок, но мојата мајка… не беше истата, затоа што мајка е мајка. Ги повикам моите браќа и сестри да се грижат за неа, да не биде осамена“, рече Халер.
Тој истакна дека му е желба да се врати на теренот, и да игра пред навивачите на Борусија Дортмунд.
„Мојата прва цел е да се вратам на теренот, да играм пред нашите навивачи и да го постигнам мојот прв гол. Тоа ќе биде многу добар и емоционален момент за мене“, вели Халер.
Напаѓачот истакна дека во моментов се чувствува добро, како пред неколку месеци.
„Во моментов се чувствувам добро, како што се чувствував пред неколку месеци. Се хранам добро. Сакам сите да знаат дека се чувствувам добро“, рече Халер.
Тој кажа дека му е многу тешко што за него биле платени големи пари, а не може да им помогне на своите нови соиграчи.
„Направивме многу за трансферот. Сите беа среќни, и јас сакав да играм во овој тим. Ме платија 30 милиони евра и не можам да играм со месеци. Тоа не изгледа како добро, но јас не можам ништо да направам или да променам“, рече Халер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА