Халилхоџиќ: Адеми не е опседнат за пари, што е реткост кај фудбалерите

Аријан Адеми, македонскиот репрезентативец е во центарот на вниманието во моментов на хрватската јавност. Играчот на Динамо Загреб го постигна вториот гол на гостувањето кај Ријека, со што неговиот тим освои златни три бода во битката за титулата во Хрватска. Се чини дека Адеми повторно се покажа како играч на одлука за „модрите“, кои се пред шампионска промоција.

Адеми оваа сезона има проблеми со повреди, но кога и да игра носи некои нови ветришта во тимот. И во таква ситуација кога не е во добра форма, ги донесе најважните три бода за својот тим. Затоа добива пофалби од многу реномирани фудбалски експерти и тренери, а последен кој го коментираше неговиот настап, е екс тренерот на Динамо, и сегашен селектор на Мароко, Вахид Халилхоџиќ.

Искусниот стручњак го пофали Адеми не само поради игрите, туку и поради неговиот карактер кој го поседува, а ретко кој од фудбалерите го има.

„Беше младо, перспективно и симпатично момче. Беше омилен меѓу играчите и се шегувавме со него дека има некој килограм повеќе. Драго ми е што израсна во водач на неговата генерација. Динамо е со него неприкосновен. Доаѓа од добра фамилија, и не е опседнат за пари, што е реткост кај фудбалерите. Тој со тоа не се занимава, остана верен на Динамо, што е за пофалба. Тоа е играч со голем волумен на игра, има значајна улога во одбраната и е многу дисциплиниран. Да биде врвен играч му недостасува некој гол од 20 или 25 метри“, рече Халилхоџиќ за „Спортклуб“.

Се вчитува...