Халилхоџиќ бесен на судиите: Нека ме казнат 50 години…

Вахид Халилхоџиќ излезе од фудбалска пензија за да се врати во Нант и да му помогне на овој тим во борбата за опстанок, но искусниот стратег сега се соочува со неславен крај на кариерата.

Тој беше бесен на арбитрите по последниот дуел што неговит тим го загуби, по што француските медиуми информираат за инцидент во подтрибинскиот простор и пријава од судиите.

„Можат да лажат колку сакаат. Се движев, бев бесен, но на никого не му се заканував, никого не навредував. Во кариерата сум бил исклучен само еднаш, и тогаш добив казна од два месеци. Што се случи? Упорно барав објаснување од судијата, но тој не ми одговори ништо. Повторувам, никого не навредив, ако на аудио снимките најдат било каква навреда, нека ме казнат 50 години. Но, тоа не се случи“, истакна Халилхоџиќ.

Нант се наоѓа во незавидна ситуација, моментно е претпоследен на табелата со вкупно 20 бода, девет помалку од зоната за опстанок, а до крајот на сезоната има само шест кола.

Се вчитува...