Хаман удри по Кутињо: Не паметам да направил нешто добро, Баерн доби половина фудбалер

Легендата на германскиот фудбал, Дитмар Хаман удри по Кутињо велејќи дека Бразилецот е само еден просечен полуфудбалер. Тој смета дека Кутињо е половина фудбалер бидејќи не прави разлика во нападот, а исто така нема никакво влијание во одбраната.

„Мене тој ми изгледа како да е изгубен во тимот. Не се сеќавам на ниту една добра акција која ја направил во нападот. Кога имате таков фудбалер кој ништо не покажува, тогаш имате проблем. Има уште триеситна натпревари до крајот на сезоната, тој мора да ги оправда очекувањата“, изјави Хаман.

Хаман и во минатото знаеше да упати јавни критики кон познати имиња од светот на фудбалот.

Се вчитува...