Хамес го одржа ветувањето: Даде гол, па не славеше

Хамес Родригез промаши зицер во првото полувреме, но колумбискиот ас не згреши во вториот дел, откако налета на еден центаршут, потоа го прибра отпадокот по одбиената топка и ја смести топката во мрежата на Кејлор Навас.

Воедно, Хамес го одржа ветувањето, па не го прослави голот постигнат против својот поранешен клуб.

Се вчитува...