Хамес Родригез: Ако дадам гол на „Бернабеу“ – нема да го славам!

Германскиот првак Баерн Минхен пристигна во Мадрид каде утревечер ќе го одигра реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите против актуелниот европски шампион Реал Мадрид. Во тимот на Јуп Хејнкес е и Хамес Родригез, колумбискиот интернационалец кој во минатото го носеше дресот на „кралскиот клуб“. Тој, секако, се најде во фокусот на вниманието кај шпанската фудбалска јавност.

„Убаво е да се вратиш на „Сантијаго Бернабеу“, за овој стадион ме врзуваат прекрасни спомени. Но, сега сум играч на Баерн Минхен и ќе сторам се за да го елиминираме Реал Мадрид. Во секој случај, од почит кон клубот, доколку утре постигнам гол – нема да го славам!“, изјави Хамес Родригез.

Се вчитува...