Хамес Родригез и официјално е играч на Евертон

Хамес Родригез и официјално стана играч на Евертон. Колубискиот фудбалер и премиерлигашкиот клуб потпишаа договор вреден 20 милиони фунти во траење од две години со можност за уште една. Родигез повоторно се обединува со менаџерот Карло Анчелоти кој му беше претходно тренер и во Реал Мадрид и во Баерн минхен.

„Навистина сум среќен што сум во овој голем клуб кој има богата историја. Тука ќе бидам со менаџер кој ме знае многу добро. Со нетрпение чекам да постигнеме големи работи“ – изјави Родригез на потпишувањето на договорот.

Хамес Родигез беше во немилост на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и сезонава имаше само 14 настапи. Тој заедно со Герет Бејл беа први на листата за продажба.

Се вчитува...