Хамес Родригез и старите ѕвезди ќе ја водат Колумбија на СП

Селекторот на репрезентацијата на Колумбија, Нестор Лоренцо, го објави списокот за претстојното Светско првенство 2026.

На списокот од 26 фудбалери се наоѓаат Давид Оспина, Сантијаго Ариас, Хуан Фернандо Кинтеро и, секако, Хамес Родригез, човекот кој пред 12 години беше една од најголемите ѕвезди на светскиот турнир.

Враќањето на искусните играчи предизвика големо внимание кај фудбалските фанови, особено за генерацијата што и донесе на Колумбија историски резултат и остави силен белег на светската сцена.

Селекторот Лоренцо зборуваше и за состојбата на Хамес Родригез пред почетокот на турнирот.

„Хамес пристигна во одлична форма, тренираше напорно. Потоа доживеа мала повреда поради која пропушти неколку тренинзи, но сега се снаоѓа одлично“, рече Лоренцо на прес-конференцијата.

Колумбијците се надеваат дека искуството на ветераните за нив би можело да биде клучен фактор на претстојното Светско првенство.

Се вчитува...