Хамилтон: Ако нема почит на патеката, тогаш ова ќе се повторува

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон не знае дали неговиот однос со големиот ривал од Ред Бул, Макс Ферстапен ќе биде нормален по сите случувања на патеката Силверстоун на трката за Големата награда на Велика Британија.

„Не знам дали ќе имаме нормален однос. Отворен сум за такво нешто, немам никаков проблем, но не знам ни што ќе си речеме еден на друг на следната трка. Ќе биде тоа нова трка и ќе продолжиме да се напаѓаме, но потребно е да има почит на патеката. Ако ја нема почитта претпоставувам дека такви работи ќе се повторуваат“, изјави Хамилтон. 

Макс Ферстапен се уште е лидер во генералниот пласман, но по последната трка Хамилтон му се доближи на само осум бода.

Се вчитува...