Хамилтон болидот ќе го замени со модната писта?!

Луис Хамилтон беше на чекор до поставување на нов рекорд по бројот на освоени титули во Форума 1, но последниот круг во Абу Даби го спречи Британецот од надминување на легендарниот Михаел Шумахер на вечната листа. Возачот на Мерцедес сеуште не може да се опорави од шокот, а повторно се споменува пензионирање.

На оваа тема говореше и Берни Еклстон, поранешниот шеф на Ф1 кој вели дека се поголема е веројатноста дека седумкратниот шампион во 2022 година ќе го замени болидот за модната писта.

„Пред неколку дена зборев со Ентони Хамилтон (таткото на Луис) и веднаш сфатив дека не сака да говори за иднината на својот син. Мислам дека ќе се пензионира, нема да го гледаме на патеките следната сезона. Разочарувањето во Абу Даби беше преголемо и го разбирам. Сега кога има седум титули и е изедначен со Михаел Шумахер, е вистинскот момент да го оствари својот сон и да и се препушти на модата“, вели Еклстон.

Се вчитува...