Хамилтон: Ботас е вистински џентлмен бидејќи ме пушти да победам

Луис Хамилтон славеше на трката за ГН на Русија со голема помош на Валтери Ботас, кој по клупските наредби му го препушти првото место на тимскиот колега. Финецот беше незадоволен бидејќи и како второпласиран не смееше да го нападне првото место барајќи „дали ќе му биде дозволено да се трка“, по што доби наредба од тимскиот шеф Тото Волф “позициите да останат како што се, а за сето останато ќе се дискутира откако ќе заврши трката“.

Хамилтон е свесен дека триумфот воопшто не е заслужен, па по трката во Сочи упати комплименти на адреса на својот тимски колега

„Ова беше тежок ден, Валтери заврши одлична работа и беше вистински џентлмен што ме пушти да победам. Знам колку му е тешко, тој ја заслужи победата, но верувам дека ќе вози одлично и на наредните трки. Целиот тим имаше одличен викенд, направивме чекор напред кон освојување на двете титули“ – истакна Хамилтон.

Се вчитува...