Хамилтон: Чувството по промената на моторот беше фантастично, но ќе биде многу тешко до крајот

Формула 1 се враќа во етерот со Големата награда на Соединетите американски држави, а со тоа и возбудувањето кое го приредуваат возачите на Мерцедес и Ред Бул, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Замената на моторот на Британецот му донесе казна од десет места за ГН на Турција, а со тоа и претекнување на Холаѓанецот на врвот на листата по освоени бодови, но со новиот мотор Хамилтон доби и дополнителна сила која беше влидлива на „Истанбул Парк“.

„Се обидуваме да го „разбереме“ болидот подобро. На последната трка чувството беше фантастично. Меѓутоа мислам дека во следните неколку трки ќе се води тешка борба. Ќе се обидеме да фокусираме на тоа што го имаме. Важно е да ја добиеме секоја трка, да освоиме што повеќе бодови, но ќе биде многу тешко. Многу работи можат да се случат во овие шест трки па мораме да одиме чекор по чекор“, изјави Хамилтон.

По Големата награда на САД следат трките во Мексико, Бразил, Катар, Саудиска Арабија и Абу Даби.

Се вчитува...