Хамилтон доби нов колега, Расел потпиша за Мерцедес!

Џорџ Расел и официјално е новиот возач на Мерцедес, тој ова го пренесе на неговите социјални мрежи. Алфа Таури успеа да задржи двајца од своите возачи, Пјер Гасли и Јуки Цунода, за следната сезона, а набргу потоа Мерцедес ги објави плановите за следната година. Нов колега на Луис Хамилтон ќе биде Џорџ Расел.

Младиот Британец премина од својот автомобил „Вилијамс“ во автомобилот на Мерцедес во декември минатата година, кога возеше за ГН на Сахир наместо Хамилтон, бидејќи Хамилтон беше позитивен на коронавирусот, па дури и после тоа се шпекулираше дека Расел може да стане нов колега на неговиот сонародник.

И тогаш сите го видоа во Мерцедес, но се мислеше дека Мерцедес не сака да го смени тандемот шампион Хамилтон-Ботас.

„Никој не може да го замени Луис, но ќе дадам се од себе за тимот од првиот момент кога ќе се качам во болидот“, напиша тогаш Расел на Твитер.

 

 

 

Се вчитува...