„Хамилтон е искусен и сака предизвици, на Ферстапен нема да му биде лесно“

На четири трки до крајот на Формула 1 шампионатот Макс Ферстапен има предност од 19 бода пред Луис Хамилтон. Битката која ја водат возачите на Ред Бул и Мерцедес трае во текот на целата сезона и се чини дека ќе продолжи до самиот крај.

На оваа тема говореше и двокраниот шампион Мика Хакинен кој вели дека и покрај тоа што Ферстапен во моментот е прв на табелата до крајот може да пресуди искуството кое е во полза на Хамилтон.

„Искрено мислам дека се ќе биде решено на последната трка во Абу Даби. Има Ферстапен предност, но уште 107 бода се во игра. Сега се се смета, секој бод, секоја грешка. Концентрацијата мора да биде максимална. Доколку се опуштите за момент ривалот тоа ќе го искористи. Хамилтон е искусен возач и сака предизвици па на Ферстапен нема да му биде лесно. Се е можно, а нам ни останува да уживаме во битка која не сме ја имаше сезони наназад“, изјави Хакинен кој своите титули ги освои токму во последните трки во 1998 и 1999 година.

Се вчитува...