Хамилтон: Фантастичен викенд во Холандија, им благодарам на навивачите за одличната атмосфера

Големата награда на Холандија донесе нови 25 бода за Макс Ферстапен, а двоецот на Медерцес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас завршија на второто, односно третото место. Со новиот триумф на Холанѓанецот пред својата публика, возачот на Ред Бул се искачи и на првата позиција на табелата на возачи со три бода повеќе од Британецот.

И покрај тоа по трката Луис Хамилтон не го криеше задоволството од викендот, а имаше и пофалба за одличната атмосфера на стазата која ја создадоа холандските навивачи.

„Каква трка, каква публика! Ова беше неверојатен викенд. Макс беше неверојатен, честитки до него. Дадов максимум, но тој беше премногу добар. Последниот круг беше најдобриот дел од трката, бар за мене. Оваа стаза е фантастична кога го возите последниот круг со малку гориво. Сега е една од моите омилени стази. Беше ова неверојатен викенд. Им благодарам на навивачите кои беа сјајни“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...