Хамилтон: Го почитувам Макс, заедничка ни е љубовта кон Формула 1

Во пресрет на стартот на новата сезона, Луис Хамилтон говореше околу својот однос со Макс Ферстапен. Минатата година двајцата возачи водеа епска битка за титулата, која беше завршена во последниот круг од последната трка во Абу Даби.

Во неколку ситуации двајцата си разменија тешки зборови, меѓутоа Британецот пред почетокот на новата сезона одлучи да ја „смири топката“.

„Кога ќе се сретнеме со Макс, функционираме најнормално. Ќе се поздравиме и постои почитување. Заедничко на двајцата ни е што ја сакаме Формула 1. Кога ќе излеземе на патеката таму стануваме борци. Нема пријателство на патеката“, изјави Хамилтон. 

Новата сезона во Формула 1 почнува викендов со трката за големата награда на Бахраин.

Се вчитува...