Хамилтон го продолжи договорот со Мерцедес!

Луис Хамилтон потпиша нов, двегодишен договор со Мерцедес и ќе остане во овој тим најмалку до 2023 година. Ова значи дека седумкратниот светски шампион ќе се натпреварува во Ф1 караванот барем додека не наполни 38 години.

Претходниот договор го потпиша Британецот во февруари, но тој важеше само една година.

„Тешко е да се поверува дека работам со овој неверојатен тим скоро девет години, возбуден сум што ќе го продолжам партнерството уште две години. Веќе постигнавме многу заедно, но имаме уште многу да постигнеме, на патеката и надвор од неа. Горд сум и благодарен за тоа како ме поддржа Мерцедес во мојата желба да ги подобрам различностите и еднаквоста во нашиот спорт“, изјави Хамилтон.

Исто така, Британецот рече дека ќе влезе во нова ера на автомобили (од 2022 година, Мерцедес најави бројни промени) што ќе бидат возбудливи и предизвикувачки.

„Едвај чекам да видам што друго можеме да постигнеме заедно“, заклучи Хамилтон.

 

 

 

 

Се вчитува...