Хамилтон и Алонсо се разочараа од Монако

На актуелниот Формула  1 шампион, Луис Хамилтон, и на Фернандо Алонсо, апсолутно ништо не им се допаднало на трката за Големата награда на Монако. Натпреварувањата во малото медитеранско кнежевство речиси секогаш се неактрактивни поради минималните можности за претекнување.

„Ова воопшто и не беше трка. Едноставно само возевме без ништо да се случува. Ова беа најдолгите 78 круга во мојата кариера“  – изјави Хамилтон по трката на која заврши на третото место и ја задржа лидерската позиција во генералниот поредок, пред Себастијан Фетел кој беше второпласиран.   

“Исклучително здодевно, најздодедевната трка воопшто“ – уште поотворен во критиките беше Фернандо Алонсо кој воопшто и не успеа да дојде до целта.

Тимовите инсистираа на по едно влегување во пит-стопот поради ризикот, пилотите потоа да се вратат во трката зад послабите возачи во ситуација кога тешко се претекнува без разлика колку и да си побрз од тие пред тебе.

На трката во Монако триумфираше Даниел Рикиардо на Ред Бул. Следната трка во Формула 1 е на 10 јуни во Канада.

 

 

 

 

 

Се вчитува...