Хамилтон: И јас да имав 25 години не би му се јавил на Макс

Актуелниот шампион на Формула 1, Луис Хамилтон повторно говореше за својот однос со Макс Ферстапен. Двата најдобри возачи оваа сезона имаа два тешки инциденти. Првиот во Силверстон кога по сударот Холанѓанецот заврши во заштитната ограда, а вториот во Монца кога возачот на Ред Бул се буквално се искачи над болидот на Британецот.

И покрај ривалството Хамилтон имаше пофални зборови за својот помлад колега, а говореше и за тоа како се променети неговите погледи во однос на минатото.

„Макс е неверојатен талент и навистина уживам кога се тркам со него. Дали се сложувам со тоа што го прави? Тоа не е ни важно. Само знам дека на крајот на шампионатот без разлика кој ќе победи ќе си пружиме рака и повторно ќе бидеме ривали следната сезона. Кога сте млади мислите дека сте недопирливи, дека никој не ви може ништо на стазата. Но, со годините сфаќате дека и не е баш така. И понатаму уживам во трките, во брзината, но сепак сум повнимателен од порано“, изјави Хамилтон кој се осврна и кон трката за Велика Британија кога Ферстапен заврши во болница.

„Постар сум и сметав дека треба јас да бидам тој кој ќе го пробие ледот. Не би го направил тоа да имам 25 години. Се променија некои работи, како и моето сфаќање за спортот“, додаде светскиот шампион.

Се вчитува...