Хамилтон и по трката смета дека не направил ништо лошо во дуелот со Ферстапен

Луис Хамилтон победи на лудата трка која се возеше за големата награда на Велика Британија во Силверстоун. На почетокот тој имаше инцидент со најголемиот конкурент за титулата Макс Ферстапен, во кој подебелиот крај го извлече Холанѓанецот.

Хамилтон за инцидентот доби казна од десет секунди, но и тие не беа доволни да го спречат на крајот да стигне до победата. По трката тој изјави дека не се чувствува виновен за инцидентот бидејќи Макс му влегол во неговата линија на движење.

„Давам се од себе цела недела. Макс секогаш е агресивен, а јас денеска одлучив да му возвратам. Не е важно дали се сложувам со казната што ја добив или не, ќе го примам тој удар во брадата и ќе продолжам да се борам. Не дозволив ништо да ми застане на пат кон победата“, изјави Хамилтон. 

Се вчитува...