Хамилтон: Имам проблеми со здравјето, се плашам дека е последица од коронавирусот

Британскиот шампион, Луис Хамилтон ја брани титулата од минатата сезона, а на последната трка тој почувствувал здравствени проблеми. Наводно, неговото доцнење на прес-конференцијата се должи на докторска реакција.

Луис Хамилтон на крај заврши на второто место на трката во Унгарија и одново го презеде водството во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот. Сепак, возачот на Мерцедес стравува дека лошата состојба по трката е последица од коронавирусот. За потсетување, тој се зарази со болеста во декември минатата година.

„Имам проблеми со здравјето, се плашам дека станува збор за последица од коронавирусот“, кратко изјавиЛуис.

Настанот во Унгарија го одбележа и инцидентот на вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Финецот уште на почетокот удри во Ландо Норис, кој потоа се судри со Макс Верстапен и на момент го исфрли од патеката и го оштети неговиот болид.

Се вчитува...