Хамилтон ќе стартува прв во Саудиска Арабија, Верстапен од третото место

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон утре ќе стартува прв за ГН на Саудиска Арабија која се вози утре. Тоа ќе биде предност за актуелниот првак на претпоследната трка, која може да биде клучна за шампионската титула во Ф1 шампионатот.

Втор ќе биде Валтери Ботас, додека лидерот во генералниот пласман Макс Верстапен ќе стартува од третата позиција. Верстапен на последната кривина се удри во ѕид, и тоа го спречи да не заврши како првопласиран.

ГН на Саудиска Арабија се вози утре во 18:30 часот.

Се вчитува...