Одбраната на титулата станува се поголема реалност за Луис Хамилтон, откако возачот на Мерцедес и по денешната трка за ГН на Русија ја зголеми предноста во однос на Себастијан Фетел, која сега изнесува огромни 50 бода. Мерцедес доминираше на трката во Сочи, па Хамилтон повторно се искачи на највисокото место од пиедесталот пред тимскиот колега Валтери Ботас, додека Фетел мораше да се задоволи само со третата позиција.
Ботас го задржа првото место при самиот старт, додека Хамилтон одолеа на налетите на Фетел при првите два свиоци на патеката. Болидите на Мерцедес не дозволуваа да бидат минати, по што кон средината на трката Ботас го пушти Хамилтон на чело на колоната, а потоа Финецот го чуваше Фетел на „сигурно растојание“, овозможувајќи му на својот тимски колега без многу мака да стигне до нова победа.
Фетел на крајот мораше да се задоволи само со третото место, пред Кими Раиконен од Ферари, зад кого следеа двајцата возачи на Ред бул, Ферстапен и Рикиардо, па потоа и Леклерк, Магнусен, Окон, Перез…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА