Хамилтон не сака да зборува со претседателот на ФИА

Новиот претседател на Светската автомобилска федерација (ФИА) Мохамед Бен Сулајем откри дека му испратил неколку пораки на Луис Хамилтон на кои не добил повратен одговор, но разбира дека Британецот уште не е подготвен да се врати во јавноста по големото разочарување во Абу Даби.

Хамилтон и Волф не се појавија на доделувањето на наградите на ФИА, а Британецот по трката во Абу Даби буквално се дистанцираше од сите медиумски збиднувања.

„Му испратив неколку пораки, но не добив повратен одговор. Мислам дека се уште не е 100 отсто подготвен па затоа ја разбирам неговата позиција. Мислам дека Луис останува во Формула 1 и нема да се откаже“, изјави Бен Сулајем. 

Се вчитува...