Хамилтон не сака рекорд преку суд – Мерцедес отстапи од тужбата и му ја честита победата на Ферстапен

Епската сезона во Форума 1 во која титулата беше одлучена во последниот круг од Големата награда на Абу Даби е зад нас, а се чини дека ќе дојде и крајот на жалбите на Мерцедес откако британскиот тим се откажа од тужбата до ФИА на меѓународен суд и му ја честита титулата на Макс Ферстапен.

Имено истото доаѓа по сугестија на Луис Хамилтон кој не сака осмата титула во Ф1 која ќе значи и нов рекорд да ја свои по пат на формалности, туку на патеката и наскоро ќе започне да се подготвува за новата сезона.

Од другата страна пак првата титула во својата кариера денеска ќе му биде врачена на Макс Ферстапен на гала вечерта во Париз.

Се вчитува...