Хамилтон: Не знам каков трик направија во Ферари, но им успеа

Луис Хамилтон се надеваше дека во Белгија ќе успее да ја продолжи победничката серија и уште повеќе да ја зголеми предноста во однос на Себастијан Фетел во генералниот пласман. Се случи токму спротивното, Фетел веќе во првиот круг го мина Хамилтон и повеќе не му даде никаква шанса за победа, а Британецот причината за поразот не ја гледа во сопствениот настап, туку во перформансите на болидот во однос на оние на противникот.

„Не знам каков трик направија во Ферари, но им успеа и денеска победија. Тоа е само знак дека ние мораме да продолжиме уште повеќе да работиме. Мораме да пронајдеме што направија тие толку посебно, за ние да бидеме уште подобри на наредните трки“ – изјави Хамилтон.

По трката во Белгија сега разликата меѓу Хамилтон и Фетел се намали на 17 бода, а следната трка од Ф-1 шампионатот е италијанското гран-при на патеката Монца.

Се вчитува...