Хамилтон недопирлив и во Сингапур, Ферари ја утна стратегијата

Луис Хамилтон се зацврсти на првото место во Формула 1 шампионатот по денешната победа на трката за ГН на Сингапур, апсолутно заслужена ако се знае дека Британецот речиси цела трка имаше удобно водство и на крајот заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. Второпласиран денеска беше Ферстапен во болидот на Ред бул, додека Себастијан Фетел на крајот го освои само третото место.

Првиот круг донесе големи возбудувања откако двата болиди на Форс Индија се судрија, Окон веднаш ја заврши трката, а Фетел го мина Ферстапен. Пресудна беше тактиката, Хамилтон меѓу првите влезе во пит-стоп и стави гуми со кои издржа без проблеми до крајот на трката, додека во таборот на Ферари го утнаа „сетот на гуми“, па иако Германецот рано влезе во својот „бокс“ сепак во вториот дел од трката мораше да внимава да издржи со гумите до самиот крај, наместо да напаѓа подобар пласман.

Ферстапен го искористи тоа за да се задржи на втората позиција, а до бодови стигнаа уште и Ботас, Раиконен, Рикиардо, Алонсо, Саинц и Леклерк.

Се вчитува...