Хамилтон: Нема да лежам на плажа, ќе се подготвувам за вториот дел од Ф1 шампионатот

Бранителот на титулата и актуелен лидер во Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон, со шестиот триумф на „Хунгароринг“ во кариерата ја зголеми предноста во генералниот поредок во однос на најсeриозниот конкурент, Себастијан Фетел. Британецот сега на летната пауза оди со 24 бода повеќе од Германецот.

„Мојот тим заврши одлична работа. Имав одличен болид. На почетокот, Ферари ја контролираше ситуацијата, но ние го возвративме ударот. Условите за трка беа исклучително лоши, но успеав да го издржам ритамот“ – изјави Хамилтон по победата, петта за него сезонава.

Продолжението на Формула 1 шампионатот е закажано за 26 август, кога ќе се одржи трката за големата награда на Белгија.

„Не сум некој кој сака да лежи по плажи. Активно ќе тренирам, ќе се подготвувам за вториот дел од сезоната“ – вели пилотот на Мерцедес.

Хамилтон имаше серија пехови на неколку трки по ред, се до германското гранпри, на кое од четиринаесеттата стартна позиција дојде до победата.

Се вчитува...