Хамилтон: Ништо не фукнционира, болидот како да е се полош

Луис Хамилтон претходната сезона беше на прагот да го престигне Мајкл Шумахер по бројот на освоени титули во Форума 1 шампионатот, а оваа се наоѓа во катастрофална форма проследна со лоши перформанси на болидот.

Британецот мака мачи во текот на целата сезона, а проблемите не го заобиколија ни на тренинзите за Големата награда на Канада каде во вториот тренинг заостана секунда и три десетинки во однос на Макс Ферстапен.

„Ништо не работи. Расел и јас одлучивме на сосема различна стратегија да видиме дали барем една од нив фукнционира. Треба да разговарам со него, но за мене беше катастрофа. Како болидот да е се полош. Што повеќе се обидуваме, се повеќе сме незадоволни“, изјави Хамилтон.

Третиот тренинг е закажан од 19 часот, а квалификациите за ГН на Канада ќе започнат од 22 часот.

Се вчитува...