Хамилтон: Останува уште многу работа да се заврши, потребни се дебати за да се стави крај на расизмот

По поразот во финалето на Европското првенство против Италија, некои англиски репрезентативци беа изложени на расистички навреди, па по тој повод се огласи Луис Хамилтон, кој исто така беше еден од гласниците во борбата против расизмот за време на Формула 1.

Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Јадон Санчо, играчи кои промашија пенали во финалето на Европското првенство против Италија, во Англија се наоѓаат на мета на жестоки расистички навреди.

Играчите беа заштитени од Фудбалскиот сојуз, премиерот Борис Џонсон, како и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

Поддршка денес испрати и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

„Толку многу спомени ми поминаа низ главата додека ги гледав последните моменти од натпреварот. Од една страна, бев толку горд колку далеку сме стигнале, што сме во финалето, со толку разновиден тим, тоа е огромно достигнување со кое сите треба да се гордееме. Сепак, кога играчите излегоа да шутираат пенали, бев загрижен. Секој спортист има притисок пред ударот, но кога сте малцинство што ја претставува вашата земја, тогаш тоа е уште подлабоко искуство. Успехот би ни донел чувство на двојна победа, но исто така и секој неуспех е двоен неуспех, особено кога ќе се комбинира со расистички напади. Толку ја посакував таа победа, како и сите вас, но за мене беше многу повеќе од освојување на Европско првенство, тоа беше многу поширока слика. Сепак, одвратното однесување на неколкумина покажува уште колку многу работи треба да се завршат и спроведат. Се надевам дека ова ќе предизвика дебата за прифаќање на луѓето без оглед на нивната раса, боја, религија. Треба да работиме на општество кое не бара од црните играчи да ја докажат својата вредност или место во општеството само со победа. Конечно, секој во англискиот тим треба да биде горд на своите достигнувања и како ја претставуваше нашата земја на овој фудбалски турнир“, напиша Хамилтон на својот Инстаграм профил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)

 

Се вчитува...