Хамилтон победник во Катар, Алонсо ги освои срцата на навивачите

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на првата трка во историјата во Формула 1 која се возеше во Катар. Британецот на патеката Лосаил стигна со вкупно време од… На второто место заврши најголемиот ривал на Хамилтон, Макс Ферстапен на Ред Бул кого казната од пет места на стартот го спречи да се бори за победа на оваа трка.

Третото место го освои легендарниот Фернандо Алонсо во Алпин кој извози една неверојатна трка во која само еднаш го посети боксот. За издвојување е и инцидентот кој го имаше Валтери Ботас кога премногу ја истроши левата предна гума и поради тоа на крајот не ја заврши трката.

Во топ 10 уште се најдоа и Перез, Окон, Строл, Сајнц, Леклер, Норис и Фетел.

Во генералниот пласман Луис Хамилтон ја намали предноста на осум бодови и во последните две трки не очекува неверојатна борба.

Се вчитува...