Хамилтон: Притисокот носи дополнителна возбуда

Во пресрет на последната трка пред летната пауза во Ф1 шампионатот што ќе се вози викендов на „Хунгароринг“, Луис Хамилтон вели дека чувствува силен притисок, но и дека работи на тоа да не „пукне“. Хамилтон е на лидерската позиција во генералниот пласман на возачи со 17 бода предност пред Фетел.

„Притисокот е огромен. Никогаш не бил посилен. Барањата и желбите од мене и од Себастијан никогаш не биле поголеми. Но, тоа нема да ме збуни. Возбуден сум во пресрет на новата пресметка на патеката во Унгарија“ – вели возачот на Мерцедес.

Актуелниот шампион направи вистински подвиг со триумфот на претходната трка во Хокенхајм кога го искористи киксот на Себастијан Фетел и успеа од 14.стартна позиција да заврши на победничкиот подиум и истакнува дека е горд на себе си за оваа победа.

„Горд сум со својот перфекционизам и со тоа што ретко грешам. Со овој притисок под кој сум, напорно работам на мојата физичка и ментална состојба за да не „пукнам“. Не е лесно, но јас сум среќен со моменталната состојба. И најмала грешка може скапо да не чини, поради тоа притисокот е уште поголем. Се натпреваруваме со тимот кој е побрз од лани. Минатата сезона во некои викенди ние бевме побрзи, во некои тие. Оваа сезона тие се малку пред нас, па мора во текот на целиот викенд да бидеме перфектни“ – истакнува Луси Хамилтон.

Трката за ГН награда на Унгрија ќе се вози во недела на патеката „Хунгароринг“ во Будимпешта, со почеток во 15 часот.

Се вчитува...