„Хамилтон се однесува така неспортски и нечовечки затоа што конечно доби конкуренција“

Шефот на Ред Бил, Кристијан Хорнер откри дека неговиот тим ќе се жали на казната на Луис Хамилтон поради излетувањето на Макс Ферстапен на трката од Големата награда на Велика Британија.

Ферстапен заврши во оградата откако неговиот болид го допре оној на Хамилтон. Холанѓанецот се откажа, а Хамилтон со победа го намали заостанувањето во вкупниот пласман на само осум бода. Младиот Ферстапен излета од патеката при брзина од 270 км/час. Во болница беше неколку часа, но мина без сериозни повреди.

„Не е тајна ако кажам дека сите во Ред Бул сметаме дека Британецот доби преблага казна за она што го направи. Ќе поднесеме жалба на таа одлука. Разочаран сум од однесувањето на Хамилтон и размерите на славје на таа победа ако се погледне тоа што се случи на трката. Мерцедес многу добро знаеше дека Макс доживеа тешка несреќа и дека е во болница, но никој не го предупреди Хамилтон малку да се воздржи од славјето“ – вели Хорнер дополнувајќи дека потегот на Хамилтон предизвикал штета од 1,8 милиони долари на болидот на Ферстапен.

„Единствената вистина е дека Хамилтон конечно доби вистинска конкуренција, и затоа така се однесува. Нема почит кон противниците. Хамилтон за Макс зборува како за претерано агресивен возач, а тој не добил ниту една казна во последните неколку години. Хамилтон можеби мисли на 17-годишниот Ферстапен, кој нема врска со оној денешниот Ферстапен. Но, најважно е дека Макс е добро и дека нема никаква последици од тоа што се случи“ – дополнува Хорнер.

Се вчитува...