Хамилтон се загрева со фудбал пред трката во Франција

Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон, и пред трка гледа фудбал. Британецот од Мерцедес е во очекување на натпреварувањето во Франција, но тоа не му пречи, некој час претходно да се посвети на дуелот на англиската репрезентација со Панама на Светското фудбалско првенство.

„Ќе биде тешко да се биде фокусиран на трката затоа што ќе гледам фудбал. Со моите инжинери ќе се обидеме да внимаваме на двете работи“ – изјави Хамилтон кој е фанатичен поддржувач на англиската репрезентација.

Хамилтон е далеку поуспешен од фудбалската репрезентација во освојувањето на светските титули. 

„Во моево време не сме баш успешни, но имаме добра група момци и се надевам дека нешто специјално, конечно ќе и се случи на Англија“ – вели Хамилтон.

Формула 1 трката за големата награда на Франција е закажана попладнево. Хамилтон во неа влегува како второпласиран во генералниот поредок со еден бод помалку од Себастијан Фетел од Ферари. Британецот ќе тргне од пол позицијата.

Се вчитува...